ПРОНАЈДЕН ХЕРОИН ПРИ ПРЕТРЕС ВО ГОСТИВАР, ПРИВЕДЕНО ЕДНО ЛИЦЕ

0
25

На 20.07.2022 во 10.45 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Х.С.(60) од Гостивар.

При претрес во неговиот дом и во возило „мерцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, извршен со судска наредба, во возилото биле пронајдени и одземени 15 пакувања со хероин, додека при преглед кај него биле пронајдени пари.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.