Сали: За 3 години во Жан Митрев биле направени 3 редовни и 9 вонредни инспекциски надзори

0
21

Министерот за здравство, Беким Сали на денешната прес-конференција во врска со случаите од болница „Жан Митрев” рече дека како човек, доктор и професионалец чувствува длабока одговорност и решен е овој случај да оди до крај.

„За 3 години Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) направил 45 редовни и 55 вонредни во 12 приватни болници. Во Жан Митрев спроведени се 3 редовни и 9 вонредни инспекциски надзори. Во мометов е во тек работен состанок во МАЛМЕД со стручната служба и лица од Жан Митрев за тоа дека се вршеле клинички испитувања врз пациенти. Како човек, доктор и професионалец чувствувам длабока одговорност и решен сум да оди овој случај до крај. Мора да има систем што функционира и ги заштитува граѓаните”, рече Сали.