СЕ ПОДГОТВУВААТ МОЛОТОВИ КОКТЕЛИ ЗА ВЕЧЕРАШНИТЕ ПРОТЕСТИ, КАЖА СПАСОВСКИ

0
23

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по посетата на повредените полициски службеници на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кажа дека располагаат со информации дека одредена група за вечерашните најавени протести подготвуваат молотови коктели, а за синоќешните ескалации рече дека нападот на службениците и институциите не е демократија, туку вандализам и насилство. Сцените од синоќа ги спореди со нападот на Собранието на фамозниот 27 април.

„Ваков облик на организирано насилство, ова е случај кој потестува на 27 април, 30 луѓе со качулки на глава го предизвикуваат целиот неред и предизвикуваат напади на институциите и напад на полициските службеници. Секако дека професионалниот однос на македонската полиција се согледа во тоа што исклучиво се изврши интервенција врз оние кои направија физички напад и материјална штета“,рече Спасовски

За вечерва се закажани нови протести под мотото „Ултиматум, не благодарам“ против францускиот предлог. Според најавите демонстрантите ќе се движат по истата рута како и вчера а организаторите ги повикаа граѓаните да се приклучат на мирни протести без како што велат полициски инфилтрати а протестот да биде масовен и достоинствен.