СИТЕ ДОКУМЕНТИ ДА, НО ПРОТОКОЛОТ СО БУГАРИЈА ПРАТЕНИЦИТЕ НЕМА ДА ГО ДОБИЈАТ

0
27

Пратениците ќе ги добијат и документите кои Владата веќе ги објави и кои се поврзани со информациите за содржината на францускиот предлог.

Одлуката беше донесена на вообичаената понеделничка координација во Собранието бидејќи опозицијата не сакаше да прифати да се дебатира само врз основа на информацијата од еден лист хартија што ја достави Владата.

Протоколот меѓу Скопје и Софија е единствениот од четирите документи од пакетот што пратениците нема да го добијат и до кој сè уште нема пристап ниту јавноста. ВМРО-ДПМНЕ бара поширока дебата во Собранието.

Но, за мнозинството, нема причина повеќе да се чека.

„Кога претседателот на Собранието ќе оцени, во рамките на деловникот, но нема потреба да се чека, не гледам причина. Бидејќи за ова прашање дискутираме секој ден, не гледам спорно за тоа да се дискутира и во законодавната институција. Протоколот не е финализиран. Како да се сподели со јавноста нешто што не е финализирано и не е потпишано?“,рече Арбр Адеми, Координатор на ДУИ.

Но, ВМРО-ДПМНЕ веќе не гледа причина за продолжување на разговорите на работните групи за францускиот предлог и за составување на предлог-заклучоци во Собранието. Мнозинството е отворено ако македонската опозиција се предомисли.

Пленарната седница сè уште не е закажана, но за неа во секој момент може да одлучи првиот човек на Собранието