ТЕТОВКА ПОВРЕДЕНА ОД ЗАТАЛКАН КУРШУМ

0
28

Во СВР Тетово вчера било пријавено дека е повредена жена од заталкан куршум. Повредената жена е пренесена во тетовската Клиничка болница.

– Во 18 часот и 30 минути во СВР Тетово било пријавено дека 59-годишната тетовка С.Ш. во дворот пред семејната куќа на улица „ЈНА“ во Тетово била погодена од заталкан куршум, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.