ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ ЌЕ ОДИ ДИРЕКТНО НА ПЛЕНАРНА СЕДНИЦА

0
19

На денешната редовна координација свикана од претседателот на Собранието, Талат Џафери, присуствуваа потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, координаторите на пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски; на СДСМ, Јован Митревски; на ДУИ, Арбер Адеми и на Алијанса на Албанците, Илире Даути, како и претставниците на политичките партии БЕСА, Алтернатива и Левица.

„По однос на точката Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка и дискусијата која што се разви по однос на оваа точка, претседателот нагласи дека согласно член 185 од Деловникот на Собранието претседателот ја доставува Информацијата до пратениците во форма во која што е добиена и нема надлежност да навлегува во нејзината содржина. Во исто време нема деловничка одредба која што му овозоможува на Претседателот да ја врати информацијата до предлагачот. Според процедурата, Информацијата која што е на дневен ред на пленарна седница се усвојува со донесување на Заклучоци по однос на Информацијата.

Претсавникот на Владата Бојан Маричиќ одговори дека ќе ги пренесе ставовите на опозицијата и информацииите од Координација до Влада за потребата да се дополни Информацијата со материјалите кои што се јавно достапни за целата јавност, а во Информацијата се наведени како референца. Согласно Деловникот, Претседателот соодветно ќе информира за датумот за свикување на пленарната седница на чиј дневен ред ќе биде Информацијата. За денес е закажана пленарна седница со една точка на дневен ред, Ребаланс на Буџетот, за која што расправата ќе трае до 5 дена“, велат од Собранието.