ЦЕНТРАЛНИТЕ ВЛАСТИ ВРШАТ ОПСТРУКЦИИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ДА СЕ ОТВОРИ ШЕТАЛИШТЕ НА ДИЈАСПОРАТА, РЕАКЦИЈА ОД ОПШТИНА ТЕТОВО

0
26

Во рамки на “Тетовското културно лето”, Општина Тетово планираше отворање на “ШЕТАЛИШТЕТО НА ДИЈАСПОРАТА” на булеварот “Илирија”, за чија цел од страна на Секторот за комунални дејности бил изготвен и основен сообраќаен проект за ограничување и забрана на движење на возила во вечерните часови почнувајќи од 01.07.2022 до 31.08. 2022 година. За овој проект општината добила негативен одговор од СВР Тетово, а истиот го објаснува како продолжување на носење одлуки со политичка заднина против општина Тетово и граѓаните.

Она што изненадува е фактот што и покрај сите прелиминарни консултации и усни одобренија од претставници на МВР и законски обврски, одговорот е негативен. Ова што го направивте не е удар за нас како раководство, туку удар за народот, за бизнисите, за нашите исселеници кои го чекаат летото за да не посетат, а не да бидат сведоци на задоволување на нечии ниски политички страсти”-изјави на прес конференција Бесар Дурмиши од Комисијата за “Тетовско културно лето”.