47 ПОВРЕДЕНИ ПОЛИЦАЈЦИ ВО ВЧЕРАШНИОТ ПРОТЕСТ, ИМА И ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ

0
30

47 повредени полицајци и 11 приведени демонстранти е вечерашниов биланс од протестите пред Собранието кои ескалираа откако помала група учесници почнаа да фрлаат со камења и јајца кон зградата.

Од МВР велат дека 47 полицајци се повредени, од кои 11 потешко, а двајца се со сериозни повреди. Штети има на објектите на Владата, Собранието и Министерството за надворешни работи.

На клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски” примени биле тројца полесно повредени полицајци, но, како што изјави за МИА директорката на болницата Нермин Шаќири, бидејќи не работат рендген апаратите, полициските службеници се препратени во Клиничкиот центар на снимање каде е констатирано дека немале поголеми повреди.