АЛЕКСОВСКИ – За европско Тетово, за град со развојна економија, на 20-ти август заокружи број 1

Покрај многуте досегашни странски инвестиции, овојпат токму во нашиот град пристигнува компанијата за производство на електрични автомобили “Next e. go Mobile” која ќе се изгради во Технолошко – индустриската развојна зона во Тетово.Почетната инвестиција, вредна 130 милиони евра, покрај развивање на домашната економија, отвора и можност за нови работни места, истакна Живе Алексоски претседател на општинската организација на СДСМ Тетово

Членството во НАТО и отворањето на пристапните преговори со ЕУ, го даваат својот резултат, а инвестициите од ваков карактер и ваков габарит, несомнено носат економски бенефит за Тетово и тетовско.Како дел од мнозинството на Советот на Општина Тетово, ќе се посветиме во унапредување на економскиот раст и развој, повисок животен стандард, а со самото тоа и обезбедување на подобра иднина на граѓаните.Потребна ни е вашата поддршка, во сабота на 20ти август, со заокружување на бројот 1, да го избереме најдоброто за нашата општина. За европско Тетово, повика Алексовски