БЕТОНИЗАЦИЈА И НА ЖЕНА ПАРКОТ ВО ТЕТОВО, РЕАКЦИЈА ОД ИНИЦИЈАТИВАТА ТЕТОВО САКА ПАРК

Дали ќе се бетонира и Жена парк, прашуваат од Иницијативата Тетово сака парк

-Имаме сознанија дека утрово започнато е со бетонирање на дел од тревникот во Жена парк. Дел од информациите говорат дека општината има во план да постави детски реквизити на тоа место. Но, на само 50 метри се наоѓа Спортскиот центар полн со детски реквизити даден под концесија од која заработува само концесионерот, узурпирајќи го тој прекрасен простор кој мора да биде во општа употреба како јавно добро, истакнаа од Иницијативата Тетово сака патк

Паркот Жена борец согласно законската регулатива и неговиот недоволен вкупен зелен опфат не претставува парк,велат од иницијативата.

Доколку се намали неговата постоечка зелена површина ќе го изгубиме и ова последно зелено катче во градот на бетон и висококатници, нашиот град Тетово. Бараме да се укине концесијата, и да им се даде на младите простор со спортски терени и реквизити како што доликува, оставете го Жена парк неуништен, додаваат од иницијативата.