Битиќи од Тетово: Инвестираме во економскиот и инфраструктурен развој на Тетово, во сабота да гласаме за советничката листа на СДСМ

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи денеска беше меѓу граѓаните на Тетово, каде побара поддршка за советничката група на СДСМ и коалицијата предводена од носителот Глигорие Стојановски.

Битиќи истакна дека централна власт предводена од СДСМ низ конкретни мерки и проекти покажала и покажува што значи вистинска грижа за Тетово и неговите граѓани.

Тој се осврна на најновата голема странска инвестиција со која ќе се отвори фабрика за целосно производство на електрични автомобили и што ќе отвори најмалку 900 работни места, но ќе придонесе и за севкупниот економски развој на државата, како и бројните инвестиции во унапредување на патната инфраструктура.

Битиќи ги повика граѓаните во сабота да гласаат за бројот 1, за советничката листа на СДСМ и Коалицијата.

„Нашата грижа за Тетово, за економијата, за животниот стандард на граѓаните продолжува. Затоа, ве повикувам во сабота да го искористите правото на глас и да дадете поддршка на листата на советници на СДСМ и коалицијата, гласајте за европско Тетово“ порача Битиќи.