БРАНКО СЕ ВРАЌА НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА, ЌЕ ФОРМИРА ПАРТИЈА?

Поранешниот претседател на Македонија и поранешен лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски може да формира нова партија, нешто што се шпекулира подолг период, уште од пред минатогодишните локални избори.

Според NEWS1.MK при крај се процедурите за формирањето на нова партија и како што пишуваат името ќе биде „За наша Македонија“.

Наводно позади партијата стои поранешниот претседател Бранко Црвенковски со сите негови структури.

Претходно Црвенковки и лобито од Охрид, оствариле контакти и средби со политички актери,а меѓу нив и еден поранешен градоначалник на Охрид. Најверојатно лидер на партијата „За наша Македонија“ ќе биде Максим Димитриевски“ пишува порталот.

Претходно градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски најави дека со своите приврзаници ќе формира граѓанско движење по примерот на движењето „За наше Куманово” кое беше формирано за локалните избори и дека пред граѓаните на парламентарни избори ќе се излезе со реално прифатливи политики како понуда со кои првенствено ќе се направи ред, правен поредок и просперитет на државата, со акцент на економски развој и владеење на правото.

„Ќе направиме пресврт во општеството, политиката да биде во функција на граѓанинот, а во однос на Бугарија, добри соседски односи кога таа земја ќе ѝ мисли добро на Македонија“, изјави тој.