ВЛАДАТА ДАВА НАД 1 МИЛИОН ЕВРА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД НЕПОГОДА ПРЕКУ АВИОНСКО РАСТЕРУВАЊЕ НА ОБЛАЦИ, АМА ПРЕВЕНЦИЈА НЕМА, ОБВИНУВААТ ОД ВМРО ДПМНЕ

0
40

По вчерашното невреме кое го зафати Скопје, опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од власта поради, како што велат, тоа што од 2020 година Владата преку Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) плаќа над еден милион евра за набавка на услуги за авионско растерување на облаците како превенција од временски непогоди.

Секоја година, велат оттаму, и покрај дадените еден милион евра народни пари ни се случуваат природни непогоди и штети од град низ целата држава, а тоа, додаваат, во текот на вчерашниот ден беше случај со Скопје и скопско поле.

„Ова е договорот кој секоја година, три пати до сега го склучува УХМР со Аероклуб Скопје и секоја година, преку буџетот се исплаќаат над еден милион евра народни пари. Овој договор доколку се почитува, ќе превенира секакви непогоди, и нема да дозволи енормни штети, како што беше случај во текот на вчерашниот ден“,истакна на пресс конференција Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата го повикаа премиерот Димитар Ковачевски и УХМР да одговорат дали нивните радарски центри го детектирале невремето и го известиле носителот на набавката за засејување на облаците, со цел истиот да ја превенира големата катастрофа која што се случи во текот на вчерашниот ден.

Доколку не го известиле носителот за набавка со цел да изврши превенција, оттаму велат оти очекуваат оставка од директорот на УХМР и Ковачевски како премиер, а потоа и кривична одговорност за истите.