ВЛАДАТА НЕ ДАДОА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВИТЕ, ОТИ НА ИЗБОРИТЕ ВО ТЕТОВО ДОБИЈА КЛОЦА, ВЕЛИ КАСАМИ

0
46

„Владата на Република Македонија на вчерашната седница воопшто не го разгледа барањето на Кризниот штаб на општина Тетово за помош за подрачјата погодени од поплавите. Поплавите од неделата и понеделникот предизвикаа значителни штети во градот, во селата Ѓермо, Мала Речица, Порој и во планинските села. Но, за Владата овие штети не постојат, бидејќи Тетово воопшто не беше ставено на дневниот ред на владината седница.“ – објави Билал Касами, лидерот на Беса и градоначалник на Тетово, на својот фејсбук-профил.

„Неодговорната влада на Ковачевски и Ахмети со вчерашната одлука не покажа солидарност и поддршка за граѓаните, поради поразот на локалните избори на 20 август. Не можат да ги надминат загубата и последната клоца, што народот им ги даде на оние, кои 20 години уништија се, на оние кои се збогатија врз грбот на народот, кои ја злоупотребија неговата пот. Општина Тетово заедно со екипите на Јавното комунално претпријатие, со пожарникарите и граѓаните, продолжуваат да работат на терен за чистење на сите патишта, реки, објекти, за да и покажеме на власта дека сме во служба на градот и граѓаните, а не како нив, кои се во служба на дневната политика и на клановите, кои сакаат да го уништат Тетово, напиша Касами.

„Тетово никогаш не клекнало и ќе продолжи да оди напред со поддршката од граѓаните, кои во саботата, на локалните избори им го зададоа последниот удар на злонамерните политички кланови. Проблемот на ДУИ и на власта не се Касами, или советниците, туку граѓаните, кои се разбудија и кои продолжуваат да ги осудуваат политиките на ДУИ и нивните партнери, додаде Касами

Тој додаде дека Тетово не е против помошта за Кичево и Струга, туку е против дискриминацијата и диференцијацијата, што му се прави на нашиот град, против политичката одмазда, која секојдневно се спроведува врз него. Тетово веќе третпат бара помош од Владата, поради поплавите и штетите од природните несреќи, но нивниот одговор е негативен.“

„Оваа власт го сака Тетово само за време на избори кога со измама и пропаганда се обидува да ги убеди граѓаните дека го сакаат градот, но досега сите разбраа дека Владата воопшто не го есапи Тетово. Тетово овојпат само ќе успее да се справи со кризата предизвикана од поплавите. Волјата на граѓаните овојпат е многу поголема од досега и заедно ќе ги отстраниме сите дефекти!“ – напиша градоначалникот на Тетово и лидер на Беса Билал Касами на фејсбук-профилот.