ГРУБИ ПОТПИШАЛ РЕШЕНИЕ ОБЈЕКТОТ КАДЕ УЧАТ ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ МАКЕДОНЦИ ДА СЕ ДАДЕ НА ТРАЈНО КОРИСТЕЊЕ НА КАТАСТАРОТ, ВЕЛИ КАСАМИ

0
35

Градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами обвини дека владата како што посочи на незаконски начин донела одлука едниот од двата објекти на стара медицина, каде што следат настава гимназијалците Македонци, да се даде на трајно користење на Катастарот. Решението го потпишал Вицепремиерот Артан Груби, со цел да се одмазди поразот кој ДУИ го доживеа на изборите во Тетово, додаде Касами. Без разликата на донесеното решение кое ќе го оспориме пред Управен суд, учениците и натаму ќе следат настава во објектот, посочи првиот човек на Општина Тетово

Подолу е целата реакција на градоначалникот на Тетово Биљал Касами

Како да не беше доволно целосното запоставување и негрижа од страна на Владата за поплавите и штетите од невремето изминативе денови, Тетово повторно се соочува со злобна и нелогична одлука на Владата на Ковачевски и ДУИ.

За жал, власта, поточно ДУИ, не може да прифати тоа што граѓаните на Тетово ја осудија за злобната и одмаздничка политика што ја води кон Тетово и неговите граѓани.

Надвор од секоја здрава логика, СДСМ и ДУИ продолжуваат со реваншизмот кон Тетово и тетовци. На одмазднички начин, Артан Груби потпишал решение, со кое старата зграда на медицинскиот училишен центар се дава на трајно користење на Катастарот на Тетово.

Како што може да се види, со оваа одлука, овој објект без потреба и без никаква предходна консултација, се дава на користење на Катастарот. Оваа одлука ја оценуваме како самоволна и како одмазда со казнување на образованиот процес и учениците од Тетово, знаејќи дека во овој објект се држи настава.

Оваа одлука е злонамерна тенденција на Груби да им наштети на тетовските средношколци и да создава непотребни проблеми, и тоа во време кога образованието во Тетово има потреба од модернизација и просторно проширување.

Со оваа одлука на Владата на СДСМ и ДУИ, директно страдаат учениците, оневозможувајќи да имаат основни услови за образување. Ова е удар и за образовната историја во Тетово воопшто, знаејќи дека токму од оваа зграда излегуваа успешни генерации ученици дури и во најтешките времиња за градот. Оваа одлука е одлука на срам и одмазда, одлука за која не се размислувало ниту во најлошите времиња за Тетово.

Наместо Владата да нуди инвестиции за зголемување на просторниот капацитет за учење и создавање подобри услови за учениците, таа го прави спротивното, одзема простории, само за да ја задоволи загубата на функционерите на ДУИ.

Владата на РСМ со оваа одлука го прекрши и Законот за основно и средно образование. Во 2004 година беа направени измени во Законот за средно образование, со кои сопственоста и недвижниот имот на средните училишта се пренесува на локалната самоуправа , односно на општините.
Во член 112 став 2 од Законот за средно образование се вели: Сопственоста на училишните објекти и имотот на средните училишта , од став 1 на овој член, со одлука на Владата ја презема општината.

Со оваа одлука, Владата Ковачевски-Ахмети не само што го прекрши Законот за средно образование, туку ги погазува и одлуките на самата Влада. Незаконска владина одлука со единствена цел-да се нанесе штета на образованиот процес во Тетово.
Како градоначалник на Општина Тетово, застапувајќи ја волјата на граѓаните, ја повикувам Владата итно да ја преиспита оваа одлука, бидејќи старата зграда на медицинското училиште може да се користи исклучиво за образовни цели, а никако за друга намена и за лична корист.

Апелираме до власта да се однесува одговорно кон Тетово без да го дискриминира и напаѓа .
За одлуката за која станува збор, ќе ги информираме сите дипломатски претставништва во земјава.

Биљал Касами градоначалник на Општина Тетово