ДИК ги објави конечните резултати од Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Тетово

0
53

Во Маврово и Ростуше за градоначалник е избран Медат Куртовски од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, предводена од СДСМ, а во Центар Жупа – Аријан Ибраим од Демократска партија на Турците

Анализата на постигнатите резултати во неделата во споредба со оние лани покажува дека Беса, чиј лидер е актуелниот градоначалник Билал Касами, е неспорен победник на вонредните избори за членови на Советот на Тетово

Државната изборна комисија на денешната седница ги објави конечните резултати од гласањето за градоначалник во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа, како и за советници во Тетово

На изборите за членови на Советот на Општина Тетово, СДСМ освоила 1 953 гласа или два мандати, ВМРО-ДПМНЕ 3 332 гласа и четири мандати, ДПА – 1 058 гласа или еден мандат, Интегра – 161 гласач и е без мандат, Група на избирачи Агон Заими 206 гласа и е без мандат, Алтернатива 1 118 гласа односно еден мандат, Алијанса за Албанците 777 гласа и без освоен мандат, Беса 9 620 гласа и освоени 12 мандати, ДПТМ 327 гласа и е без мандат, Група избирачи Ељмедина Абдулахи 675 и е без мандат, ДУИ 8 795 – 11 мандати, ПЦЕР 371 глас и е без мандат, Левица 646 и е без мандат.

Неважечки биле 651 гласачко ливче. На изборите за советници во Тетово на гласање излегле 29 690 избирачи – 35,31 отсто.

Анализата на постигнатите резултати во неделата во споредба со оние лани покажува дека Беса, чиј лидер е актуелниот градоначалник Билал Касами, е неспорен победник на вонредните избори за членови на Советот на Тетово. Беса освои и повеќе мандати, а единствена – и повеќе гласови споредено со редовните избори во октомври минатата година и покрај помалата излезност на вчерашното гласање. ДУИ заврши со еден советник повеќе од ланските избори, но е поразена за разлика од 2021 година кога поединечно освои најголем број мандати во Советот.

Најголем губитник на овие избори е Алијанса за Албанците која ќе нема претставник во Советот споредено со изборите од минатата година кога настапувајќи во коалиција со Алтернатива освоија три мандати. Алтернатива во самостоен настап вчера стигна до еден советник. Едно место во Советот ќе има и ДПА, што е полош резултат за оваа партија од лани кога се избори за двајца советници и многу повеќе гласови.

За губитник може да се смета и независната листа „Подобро за Тетово“, која по блесокот на претходните редовни избори, кога освои две советнички места, вчера остана без ниедно.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ завршија со ист број советници – четири односно два, а и двете партии добија по околу 700 гласа помалку споредено со минатогодишните локални избори