ЕВН ПРОДОЛЖУВА СО ИСКЛУЧУВАЊЕ НА СТРУЈА ПОРАДИ НЕПЛАТЕНИ ДОЛГОВИ

0
44

Водостопанската подружница „Брегалница“ во Кочани од утрово остана без електрична енергија, откако службени лица на ЕВН Македонија ја исклучиле од мрежата за напојување поради неплатени долгови.

Вработените во подружницата, кои веќе два месеца не зеле плата, дојдоа на работните места, но беа оневозможени да ги извршуваат работните задачи и да им издаваат решенија, фактури и друга документација на водокорисниците и странките. Од раководството на „Брегалница“ рекоа дека немаат сознанија за колкав период не е платена струјата, со оглед што трошоците ги подмирува централата на АД Водостопанство во Скопје.

-Како подружница редовно ги исполнуваме обврските за одржување на каналската мрежа, за водоснабдување на корисниците и за наплата на водниот надоместок, поради што сме една од најдобрите работни единици на Водостопанство. Само годинава наплатата на сметките за користење на нашите услуги е реализирана со над 90 отсто и парите се уплатени на заедничката сметка на претпријатието, така што нејасно е зошто не се платени трошоците за струја, па дојдовме во ситуација да нè исклучат од мрежата. Од колеги од другите градови дознавме дека и таму ситуацијата е иста, односно од 12 подружници во државата, денеска половината останале без електрична енергија, истакна Благојчо Богатинов, в.д. раководител на водостопанската подружница „Брегалница“.

Сегашниот начин на организациска поставеност на водостопанската дејност, со подружници во регионите во државата, се покажува како нефункционална, поради што вработените во „Брегалница“ очекуваат раководството на АД Водостопанство или Владата да најдат поинаков модел на поставеност. Нивна оценка е дека поранешниот начин на организација, кога секоја подружница била засебно претпријатие со своја сметка, бил поефикасен поради што можеби треба да се размислува во тој правец.

Кочанската водостопанска подружница успешно ја привршува овогодишната наводнителна сезона во целиот источен регион, а за корисниците во Овчеполието беа испорачани и зголемени количини вода во однос на договореното. За испорачаната вода и другите услуги, таа од сите водни заедници во регионот годинава собра близу 40 милиони денари што веќе се уплатени на