ЗДРУЖЕНИЕТО ШТО ГИ ТРЕТИРА КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ ВО ТЕТОВО НЕ Е РЕГИСТРИРАНО ВО АХВ, А ДОБИЛО ТЕНДЕР ОД 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА

0
59

Иако од општина Тетово доби тендер вреден 1.5 милиони денари, Здружението „Амос Пет“ нема регистрирано прифатилиште за кучиња скитници. Телевизија ТВ21 се обрати до Агенцијата за храна и ветеринарство, за да добие податоци дали ова здружение поседува дозвола за прифатилиште, согласно законот. Од таму ни рекоа дека не фигурира на нивната листа.

-Секое прифатилиште кое врши контроли и згрижува кучиња треба да има одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство. Бидејќи оваа компанија не е на списокот на прифатилишта одобрени од Агенцијата за храна и ветеринарство, ние не извршивме контрола во овој субјект. Поради тоа што овој субјект нема одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство, оценуваме дека субјектот не е специјализиран за контрола на кучињата скитници-велат од АХВ.

Но, каде се чуваат и третираат кучињата за кои се грижи Здружението „Амос Пет“?

ТВ21 од здружението ги побара имињата на стационарите, но не ги добивме со образложение дека станува збор за приватни компании кои не сакаат да се експонираат во медиуми. Испративме и прашање, но досега не добивме никаков одговор од „Амос Пет“.

Целата сторија на ТВ 21 подолу на линкот

Ги нема во АХВ, а добиле тендер од 1,5 милиони – добиваат по 300 евра од „уловено“ куче од Тетово, а каде ги носат никој не знае