Итен состанок на Алијанса, Села поднесе оставка

0
42

Претседателството на Алијансата за Албанците одржува состанок во Тетово, на кој се разгледуваат резултатите од вчерашните избори за советници во општина Тетово.

На прес-конференцијата во Тетово, партискиот лидер Зијадин Села најави дека поднесува оставка и дека повеќе нема да се кандидира за претседател на партијата.