КАРИЛ ќе ги препраќаат пациентите во другите клиники – дождот поплавил дел од болницата

0
39

Поплавата предизвика штета и во Клиниката за реанимација и интензивно лекување- КАРИЛ, каде се работи на санација на дефектот.

Од Министерството за здравство е испратен допис до директорите на Клиничките болници во државата за да ги преземаат сите пациенти на кои им е потребна интензивна нега се до санацијата на дефектот.

Од менеџментот на клиникта за Телма, велат дека пукнала цефка во магацинскиот простор којшто се блиску до електриката и заради тоа превентивно седум кревети од вкупно 21 на КАРИЛ се исклучени од употреба за да не настане некој спој.

Во моментов 14 пациенти се на КАРИЛ, односно сите кревети се зафатени и денеска ниту еден пациент не е вратен.

Според дописот на на министерството пациентите од Скопје ќе се препраќаат во ГОБ 8 Септември и во Клиничката болница Наум Охридски, од источна Македонија во Клиничката болница Штип, од централна Македонија во Клиничката болница Битола, а пациентите од западна Македонија во Клиничката болница Тетово.