Ковачки: Субстандарни услови во Тетово, гласот за ВМРО ДПМНЕ значи прогрес

Пратеникот и член на Извршен комитет во ВМРО ДПМНЕ Драган Ковачки денеска во Тетово даде поддршка на кампањата која ја водат кандидатите за советници за вонредните избори за Совет на 20 август. Тој заедно со носителот на листата Ангел Карапетров одржа средби со граѓани.

-Во изминатиов период на владеење на СДС и ДУИ, десет годишно владеење видовме дека градот се гуши буквално во ѓубре во смет. Гледаме дека тетовчани имаат проблеми со водата за пиење. Практично едни субстандарни услови во градот под Шара. Нашата советничка листа понудува визија, понудува проекти и програма и нуди одлучност за решавање на овие проблеми.Затоа ги повикуваме сите тетовчани без разлика на вера и националноста да го дадат својот глас за нашата советничка листа, затоа што секој глас даден за нашата советничка листа значи прогрес за градот Тетово и граѓаните. Доколку СДС и ДУИ останат на власт и да бидат клучен фактор во Тетово да знаете дека ќе продолжат криминалот, корупцијата, тендерите во четири очи, со масовно партиско вработување иткн, изјави Ковачки.

На средбите со граѓаните низ Тетово денеска беше и Наќе Чулев, член на Централниот комитет на партијата.

-Цел на оваа посета да дададем поддршка на советничка листа, апел до граѓаните на Тетово, сите да го дадат својот глас за советничката листа на ВМРО ДПМНЕ да ги остават сите недоразбирања или несогласувања на страна, да не се цепкаат гласовите на помалите партии,поради тоа што тоа ќе биде глас фрлен во воздух. Заедно со советничката листа на ВМРО ДПМНЕ да извојуваме голема победа во градот Тетово. Победата во Тетово воедно ќе значи и многу битен импулс, за претстојните парламентарни избори кои ќе доведат до конечна победа на ВМРО ДПМНЕ на централно ниво и пораз на оваа хибридна власт, изјави Чулев.