НАЈДОВМЕ РЕШЕНИЕ ЗА ПРОБЛЕМОТ СО СТРУЈАТА ВО АРАЧИНОВО, АМА ПРИВРЕМЕНО, ВЕЛИ БЕКТЕШИ

0
37

Министерот за економија Крешник Бектеши информира дека во координација со општината Арачиново и раководството на ЕВН, нашле привремено решение за снабдување со електрична енергија.

„Ова решение е привремено, но, со надеж дека ќе биде долгорочно доколку сите страни го почитуваат договорот и законите во државата. Да вложиме максимални напори да заштедиме струја, да го заштитиме семејниот буџет и да не ја влошиме состојбата со енергетската криза“, напиша министерот Бектеши на својот фејсбук-профил.

Трет ден по ред нема струја во поголем дел од Арачиново. Од ЕВН се пожалија дека нивни вработени се мета на напади. Дефект избил поради диви приклучоци.