НАЈМАЛКУ 11 МРТВИ ВО ХОРОРОТ ВО ЦЕТИЊЕ Полицијата го ликвидира напаѓачот кој си го уби семејството

Денеска се случи голем инцидент на Цетиње, кога В.Б. (34) си го застрелал цело семејство, а потоа излегол на улица и пукал по други луѓе, објавија српските медиуми.

Според непотврдени информации, српски „Курир“ објави дека има настрадано над 10 луѓе, меѓу кои има и деца.

Полицијата го застрелала напаѓачот, кој наводно ја спречил итната помош да реагира и да им помогне на настраданите, по што полицајците немале избор освен да го застрелаат.