НА ГЛАСАЊЕТО СПИСОЦИ САМО НА АЛБАНСКИ ВО ТЕТОВО, НАДЛЕЖНИТЕ ВЕЛСТ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ТЕХНИЧКИ ПРОПУСТ

0
40

Претседателот на Државнат изборна комисија Александар Даштевски, неговата заменичка Дитмире Шеху дојдоа во Тетово на увид на гласањето за вонредните избори за членови на Советот на општината. Тие посетија повеќе избирачки места, а Даштевски истакна дека гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера.

-Имаше мали технички пропусти на кои им укажавме на избирачките одбори. Некои се исправија веднаш. Се функционира во ред. На некои места имаше објавени списоци само на албански, немаше на македонски. Тоа е технички пропуст и им укажавме дека доколку има, да ги закачат да не биде пропуст да биде двојазично. Тоа се мали детали што ги утврдивме – изјави Даштевски.