Николовски: Тетово заслужува многу подобро, број 1 за советничката листа на СДСМ за европско Тетово

Тетово навистина заслужува многу подобро од она што го имаше во изминативе 10 месеци, заслужува да има и повеќе улици и повеќе инфраструктура и нормални услови за живот, подобри услови за развој на економијата, како и на земјоделството во општината, истакна на средби со граѓаните во општина Тетово, членот на ЦО на СДСМ Љупчо Николовски.

Тој нагласи дека гаранција за развој на европско Тетово е советничката листа на СДСМ и коалицијата и поддршката којашто ја имаат и од од партијата и од Владата.

Николовски на средба со граѓаните во Сараќино се осврна на прогрмата за Рурален развој и поддршката на општините за подобрување на инфраструктурата, за градење патишта, водоводи, канализациони и водоводни системи, нови линии за осветлување, развивање на руралниот туризам, како и подобрување на условите за живот на жителите во рураланите средини.

Поддршка имаме дадено за 29 проекти на општините во Полошкиот регион преку мерките 321, 322, 323, во вредност од над 107 милиони денари. Во Тетово ја поддржавме и изградбата на локалниот пат од Тетово до село Бродец, реконструкцијата на локалниот пат со кои се поврзуваат населеното место Стимница со градот Тетово, како и изградба на место за излет во локалитетот Тетовска Бања, истакна Николовски.

Тој нагласи дека во услови на светска криза земјоделците не се оставени сами на себе, туку заедно со владата подготвуваат мерки за поддршка на секој земјоделец.

Се грижиме и за земјоделците во Тетово, но и за сите земјоделци во Полошкиот регион. Градиме нов систем за наводнување во Теарце преку поддршка од Европската Унија, проект вреден 162,000,000 денари, наведе Николовски.

Тој порача дека можностите за поддршка на уште проекти за граѓаните во општина Тетово се големи, но за тоа потребен е Совет кој во интерес на граѓаните ќе носи одлуки и ќе креира политики за развој и унапредување на општината.

Затоа на 20-ти август граѓаните ќе заокружат број 1 и ќе ја поддржат советничката листа на СДСМ и коалицијата затоа што знаат дека ние ветувањата ќе ги исполниме, порача членот на ЦО на СДСМ Љупчо Николовски.