Од досега преброените гласови во Тетово: Води Беса, следат ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

0
68

Најмногу гласови досега има БЕСА 1 584, потоа ДУИ со 1 170, ВМРО-ДПМНЕ со 783, СДСМ со 475, ДПА со 206, Левица со 194, ГИ Ељмедина Абдуллахи со 185, Алтернатива со 161, Алијанса на Албанците со 111, ПЦЕР 89, ДПТМ 65, Интегра 39, ГИ Агон Заими 39
Во Тетово денеска се одржаа избори за членови на Советот и од досега преброени гласови кои ги објавува Државната изборна комисија (ДИК) на својата вебстраница, резултатите се следни:

Најмногу гласови досега има БЕСА 1 584, потоа ДУИ со 1 170, ВМРО-ДПМНЕ со 783, СДСМ со 475, ДПА со 206, Левица со 194, ГИ Ељмедина Абдуллахи со 185, Алтернатива со 161, Алијанса на Албанците со 111, ПЦЕР 89, ДПТМ 65, Интегра 39, ГИ Агон Заими 39.

Во Тетово, каде денеска се гласаше на вонредни избори за членови на Совет, откако претходниот состав беше распуштен од страна на Владата, бидејќи тие не ја усвоија завршната сметка на општинскиот буџет за 2021 година до истекот на крајниот рок, 31 март годинава.

На гласачкото ливче имаше 13 листи на кандидати за членови на Советот на општината. Мандатите ќе бидат распределени според бројот на добиени гласови користејќи го Донтовиот метод – што значи дека по собирањето на вкупниот број гласови што ќе ги добие секоја партиска листа поединечно се дели со 1, потоа со 2, со 3, со 4, и сè така до крајниот број на кандидати што треба да бидат избрани во општината.

Добиените изборни количници се подредуваат по големина, а најголемите броеви се мандатите што ги добиле соодветните листи.

Во претходниот состав на Советот ДУИ имаше 10, Беса 8, ВМРО-ДПМНЕ 4, Алијанса за Албанците 3, СДСМ 2 ДПА 2 и двајца советници од независна листа