ОПШТИНА ТЕТОВО ПОТПИША МЕМОРАНДУМ СО АКАДЕМСКО ЗДРУЖЕНИЕ НА АЛБАНЦИТЕ

Денеска во салата на Советот на општина Тетово, заедно со претставниците на Академското здружение на Албанците за наука и уметност – Тетово, потпишавме меморандум за соработка, објави градоначалникот на општина Тетово Билал Касами

-Објектив на овој Меморандум е воспоставување соработка помеѓу Општината и Академијата. Целта на овој меморандум е меѓусебна координација, планирање и реализација на различни истражувачки, едукативни, научни, културни активности итн.Исто така, со овој меморандум за соработка ќе се овозможи изготвување стратегија, која ќе биде во согласност со законите, со која улиците во Тетово ќе имаат албански имиња и со која на Тетово ќе му се врати културата и традицијата, како што му доликува.Врз основа на овој Меморандум, начинот на соработката, координацијата и спроведувањето на конкретни активности, ќе се врши врз основа на взаемно дефинирана и усогласена програма, со соодветни обврски за секоја од потпишаните страни.Ваквиот пристап на општина Тетово кон сите членови на општеството, кои имаат идеи и цели да помогнат во развојот на Тетово, се наш приоритет. Ќе продолжиме да го поддржуваме секој поединец и секое здружение кое ќе придонесе за подобрување на условите за живот во нашиот град, истакна Касами