ОСТАНАЛ ОСАМЕН, ПА ВО ДВОРОТ НАПРАВИЛ БАЗЕН ЗА ДЕЦАТА ОД НЕГОВАТА НАСЕЛБА

Кога Еви Дејвидсон починала од рак во 2016. година, нејзиниот сопруг, Кит, не можел да ја поднесе тишината и осменоста.

-Не можете ни да замислите како е тоа, само плачеш затоа што таа не е тука, раскажал Кит.

Така овој 94 годишен судија во пензија одлучил да направи базен во неговиот двор во Минесота за децата од соседството и сега има толку многу посетители што околу него никогаш не е тивко.

Базенот е долг 9,8 метри, широк 4,9 метри и е направен во текот на зимата за да децата може да се капат во текот на летото. Сезоната започнува во јули.

Кит има три возрасни деца, но нема внуци. Еден сосед му рекол дека сега изгледа како да ги посвоил сите деца од околината.

Дедо Кит повеќе не е осамен, а кога базенот е празен ја користи приликата и тој да си се олади.