ПЕТРОВСКА – УЧИЛИШТЕТО А.С. ЌИЌИШ ЗА ПРВ ПАТ ОД СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ ЌЕ ДОБИЕ СПОРТСКА САЛА

СДСМ ја реализираше долопосакуваната цел, едно од најстарите основни училишта во Тетото А.С.Ќиќиш да добие спортска сала и тоа за прв пат од своето постоење, посочи Наташа Петровска кандидатката за советник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за Тетово“.

Таа во изјава за медиумите истакна дека
учениците во новата учебна година ќе можат во современи услови да ги одржуваат часовите по физичко и здравствено образование, како и голем број воннаставни активности.

Салата е изградена во рамките на проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали во Р. С. Македонија“. Проектот, со вредност од над 4 милијарди денари е финансиран од Буџетот на на Република Северна Македонија и Банката за развој при Советот на Европа.Со изградбата на спортската сала СДСМ придонесе да се унапреди училишниот спорт, како битен сегмент за здравјето и здравите навики на учениците .Со СДСМ Тетово ќе се развива како модерна, европска општина.
Затоа, на 20 август излезете на избори и дајте поддршка на советничката листа на СДСМ и коалицијата.Да гласаме за број 1, за европско Тетово, додаде Петровска