ПОПЛАВЕНИ И ОШТЕТЕНИ ДОМОВИ И ЛОКАЛИ ПО ВЧЕРАШНОТО НЕВРЕМЕ, КОЕ ГО ЗАФАТИ ТЕТОВО

0
36

По обилните врнежи што вчера го зафатија Тетово и околината има пријавено места кои се погодени од невремето каде има поплавено подруми, гаражи и ќуки, а исто така излеана е канализацијата од неколку шахти, информираа од ЦУК.

Најкритичните точки после секој пороен дожд и овој пат поплавени. Патот кон с.Фалише кај надвозникот, патот што води од стадион до Касарна,како и улиците 141, улица Фуштанска, улица Илинденска, улица 114, улица Мирче Ацев, улица 121.

Граѓаните на социјалните мрежи информираат за голем број на материјални штети, поплавени подруми, но има домови и локали во кои водата е навлезена и во приземните простории.

Од Општина Тетово информираат дека нивни екипи работале во текот на цела ноќ, а ќе се интервенира и денеска, се до стабилизирање на состојбата.