ПОЧИНАЛ ПОРАДИ КОМПЛИКАЦИИ ОД ЗАГНОЕН ЗАБ

0
36

25 годишен беровчаец починал откако му се искомплицирала здравствената состојба интервнција дренажа и лечење на воспален и загноен заб, јавува Телма

Роднини и пријатели на младиот Јован Димовски гневни на соијалните мрежи споделија сомнеж дека почнал од сепса поради погрешно поставен дрен.

„Само во нашата држава ,само со нашето здравство, само со нашите “професионални” доктори во штипската болница може да се случи ова: Со 20 годишен стаж да направиш интервенција на заб и да ставиш еден обичен дрен наопаку. Па да предизвикаш сепса и пациентот да го пратиш дома со што предизвика на Ванчо животот да згасне на само 25 години…..СРАМ ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА!!! Каде живееме ние,какво здравство имаме,дали веке еден ден некој ќе одговара за секојдневниот хорор во таа штипска болница“ – се вели во една од објавите на социјалните мрежи.

Од штипската болница изразија жалење и го објавија извештајот на лекарот кој го лекувал младиот беровчанец.

Според него Димовски прв пат на 14 август дошол во максило-фацијална хирургија во штипската болница со воспалена гнојна состојба на десната страна од вратот која според докторот потекнувала од забот.

Му дал инфузија, направена е ренген снимка и му бил изваден забот за да може да се врши дренажа.

По ова имало подобрување на состојбата и за три дена бил пуштен дома со уреден наод и препишана терапија.

И на контрола состојбата била уредна пишува во извештајот на докторот но на 23 август во раните утрински часови Димовски со брза помош бил донесен во штипската болница во тешка состојба.

„Кардиоваскуларно нестабилен, фебрилен, со локален наод – крваво-гноева секреција од инцизиона рана на врат како и од устата. Итно внесен во операциона сала, интубиран и започната интервенција. Поради сериозноста на состојбата, итно е повикана помош од УК Максилофацијална хирургија. Оперативниот зафат е завршен околу 10 часот. Пациентот е сместен на Одделот за интензивно лекување поради септичната состојба и натамошна опсервација. Во раните утрински часови поради влошување на општата состојба, организиран е итен транспорт на КАРИЛ“ –тврди болницата во Штип.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат најавија дека ќе иницираат вонреден инспекциски надзор во клиничка болница во Штип за да проверат како бил лекуван и дали има пропусти при лекување на младиот Димовски.

Извор ТВ Телма