СТОЈАНОВСКА – ВМРО ДПМНЕ ЌЕ ДОБИЕ ПОВЕЌЕ ОД 4 СОВЕТНИЦИ, ОТИ РАБОТА ВО ИНТЕРЕС НА НАРОДОТ

Дојдов да дадам подршка на сите тетовчани да се охрабрат и со гласањето на 20 август за советничката листа на ВМРО ДПМНЕ, да стават на знаење дека за криминалот во оваа држава нема место, посочи пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска од Тетово.

-Јас ги охрабрувам луѓето и ги подржувам кандидатите за советници од ВМРО ДПМНЕ.Со оглед на нивната работа, мислам на советниците од ВМРО ДПМНЕ, кои работаа во интерес на народот во изминативе 9 месеци, јас мислам дека ВМРО ДПМНЕ сега ќе добие уште повеќе советници. Затоа ги охрабрувам сите тетовчани да дадат подршка и да гласаат за број 2, а со гласањето праткично ќе го најават тоа што допрва следува, а тоа се предвремени избори, на кој што мора граѓаните да се обединат, без разлика на верска, етничка или националната припадност, да се обединат сите против криминалот кој има име, тоа е СДСМ ,а презимето му е ДУИ.

Веќе денес имаме големи поплаки за новите сметки за струја. И во име на ковидот се вршеа и и многу криминали.По 11 месеци од пожарот во модуларната болница се уште нема разрешнца, а има пријави за лица кои според мене најмалку се виновни за случајот. Виновни се Анѓушев, Шахпаска и секако Венко Филипче, народот нема да им заборави за тоа што го сторија, додаде пратеничката Стојановска