Стојановски: Направивме многу, ќе продолжиме со работа нашето Тетово да прерасне во модерен, европски град

0
54

Нема да отстапиме од заложбата, нашето Тетово да го видиме како прераснува во модерен, европски град, порача на завршната конвенција пред вонредните избори во општина Тетово, носителот на советничката листа на СДСМ и Коалицијата Глигорије Стојановски.

Тој нагласи дека со помош на Владата предводена од СДСМ, покрај реализирањето на најголемите инвестиции во инфраструктурата и реконструкција на повеќето улици низ градот, долгорочно се решени и многу прашања што ги мачеа граѓаните, меѓу кои ги издвои дислокацијата на депонијата, субвенционирање на инвертери, новиот центар за ран детски развој во Сараќино.

Стојановски порача дека идните советници од СДСМ и коалицијата ќе се заложат за реконструкција на постоечките и изградба на нови улици и локални патишта, градски парк во Тетово, нов спортски комплекс, како и градски парк во Тетово.

Со веќе реализираните проекти и оние кои се предвидени во нашата програма, ќе го направиме Тетово, посакувано место за живеење на сите, со реализација на клучните проекти, граѓаните на Општина Тетово ќе ги почувствуваат резултатите на подобрување на условите за живот, граѓаните го препознаваат тоа, затоа во сабота да гласаме за број 1 за подобро Тетово, за модерно Тетово, за европско Тетово, порача носителот на советничката листа на СДСМ и Коалицијата Глигорије Стојановски