Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

Во изминатиот период, по наше барање како граѓани, се реализираа значајни проекти, кои се од голема важност за жителите на Општина Тетово, порача носителот на советничката листа на СДСМ и Коалицијата за општина Тетово, Глигорије Стојановски во вечерашното обраќање.

„Нашата заложба за модерно, европско Тетово, нема да престане. Со проектите кои се предвидени во нашата изборна програма на СДСМ и коалицијата ,,Најдоброто за Тетово” ќе покажеме како треба да се работи во интерес на сите граѓани.

Ви гарантирам, Ве уверувам дека ќе вложуваме во урбанизмот и руралниот развој, со решавање на градската и приградската мрежа; во комуналната област, преку реконструкција на уличната водоводна мрежа; во заштитата на животната средина преку мониторинг и евидентирање на локалитетите, кои го загадуваат воздухот и се опасност по здравјето на луѓето;, преку локалниот развој на малите и средни претпријатија;, додека пак во образованието, ќе ги подобриме севкупните услови во училиштата.

Ќе се заложиме за подобри здравствени услуги, ќе вложуваме во спортот и културата.

За квалитетен живот на сите граѓани, ќе ја дадеме нашата поддршка на иницијативата ,,Тетово сака парк”, а позади Спортскиот центар, ќе се изгради нов Спортски комплекс, кој ќе биде со мини терен за мал фудбал, кошарка и терен за тенис, урбана опрема за забава на најмладите и детска патека за ролери и велосипеди, бесплатно достапен за сите!

Во с. Сараќино и с. Фалише ќе бидат ставени во функција спортските игралишта. Што се однесува до културните настани, како личност која доаѓа од културната сфера, ветувам дека ќе се заложиме за континуирано финансирање на културните настани и манифестации, кои се неопходен дел од културниот живот во Тетово.“ порача Стојановски, носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата.