СТОЈАНОВСКИ – НА 20 АВГУСТ ГЛАСАЈТЕ ЗА БРОЈ 1, ЗА СДСМ ЗБОРОТ ДАДЕН ПРЕД НАШИТЕ СОГРАЃАНИ Е СВЕТОСТ

На 20 август од граѓаните треба да добиеме потврда за нашите досегашни политики, но и „пас“ за нашата визија за модерно, европско Тетово, истакна носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата Глигорие Стојановски

-Ние советниците од СДСМ и Коалицијата сме подготвени и мотивирани да работиме на реализација на нашите ветувања дадени пред граѓаните.Затоа што СДСМ покажала и покажува дека е тука за граѓаните. И кога заедно славиме успеси, но и кога се носат тешки но важни одлуки за нашата иднина.За нас, зборот даден пред нашите сограѓани е светост која не ја погазуваме, рече Стојовски