ТРАГЕДИЈА – НАЈМАЛКУ 11 ЗАГИНАТИ И ТРИЕСЕТИНА ПОВРЕДЕНИ, ОТКАКО РАНО УТРОВО ИЗЛЕТА АВТОБУС ОД АВТОПАТ ВО ХРВАТСКА

Најмалку 11 загинати, над 30 повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи утринава во Хрватска. Како што пренесуваат хрватските медиуми, автобус со полски регистерски таблички во 5:40 часот излетал од автопатот А4 во правец кон Загреб.

Несреќата се случила меѓу Јарек Бишашки и Подворец.

Полицијата и пожарникарите се на терен, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента.