Ѓурѓај: Тирана треба да ја спречи антимакедонската пропаганда од Бугарија

0
33

Во Албанија има Македонци и никогаш немало Бугари. Станува збор за побугарени Македоци и тоа за парични средства и други интереси“. Оваа за Радио Слободна Европа денеска го изјави Никола Ѓурѓај, претседател на македонското здружение ,,Илинден“ со седиште во Тирана а кое има и ограноци во Голо Брдо и Гора. Ѓурѓај кој е и познат политички аналитичар и главен уредник на весникот ,,Илинден“ наведува: „Тие кои се декларираат како Бугари во Голобрдо и Гора во Албанија, знаат и самите дека се Македонци, но тоа се лица кои поради материјални интереси сега шират антимакедонска пропаганда, а сето оваа е поврзано и со севкупните состојби помеѓу Македонија и Бугарија, и притисоците на Софија за булгаризирање на Македонците“.

Коментирајќи ги актуелните активности на Бугарската амбасада во Албанија Ѓурѓај бара од официјална Тирана да преземе мерки за спречување на антмакедонската пропаганда од страна на Бугарија во Албанија. „Оваа пропаганда од страна на Софија особено се зајакнува и по барањето на македонските здруженија во Албанија и македонската партија Македонска Алијанса за европска интеграција во Албанија, владата на Еди Рама да го прифати и формирањето на Голобрдо и Гора како две нови општини во Албанија со македонско мнозинско население“, истакнува Ѓурѓај за Радио Слободна Европа.