Ангелов: Добро се справуваме со пожарите, но факт е дека недостасуваат одреден број на ресурси

0
31

Пожарот што вчера попладне избувна над охридските села Вапила – Расино – Сирула е ставен под контрола и нема опасност од зафаќање на куќите.

Директорот на центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска изјави дека надлежните добро се справуваат со пожарите и покрај тоа што државата нема доволно ресурси.