Ахмети: ДУИ ја докажа и ќе ја докажува вклученоста на жените во политиката

0
29

Форумот на жени на Демократската унија за интеграција, огранок Тетово, денеска во пресрет на изборите за нов Совет на Општина Тетово закажани за 20 август, ги промовираше кандидатките кои се дел од советничката листа на ДУИ.Првиот човек на огранокот, воедно и носител на листата, Фатон Ахмети, на оваа средба со кандидатите за советници рече дека ДУИ отсекогаш ја промовирала жената во политиката, а тоа го докажала и во минатото.

-Како шеф на огранокот на ДУИ и како носител на листа, се чувствувам привилегиран што имам тим од прекрасни девојки и жени, кои имаат искуство, знаење и храброст да се соочат со предизвиците во креирањето политики и одлучувањето. Исто така, како Демократска унија за интеграција сме докажале дека знаеме да ги промовираме и поддржуваме жените во политиката, а овој тренд ќе продолжи и понатаму“, изјави Фатон Ахмети, носител на листата.