БЕСА со мала предност пред ДУИ, во пресрет на изборите за нов совет на Општина Тетово

0
51

Тешка и неизвесна битка за освојување на Советот на Општина Тетово.

Последната анкета на Центарот за истражување и политички комуникации CRPC, покажа дека политичките партии БЕСА и ДУИ ќе имаат убедливо водство пред останатите партии на изборите за нов совет закажани на 20 август, но партијата на Биљал Касами, и сепак ќе добие повеќе гласови од ДУИ.

На прашањето на анкетата на CRPC кое гласи – За која листа на советници од политичките партии и независните листи ќе гласате на 20 август, 22,4 % одговориле дека би гласале за БЕСА, а за околу еден отсто помалку својот глас би го дале за ДУИ, или за оваа партија би гласале 21,2 % од испитаниците.

За партиите од македонскиот политички блок ВМРО ДПМНЕ со убедливо водство пред СДСМ. Или во проценти за партијата на Мицковски би гласале 12,2 % , за СДСМ својот глас би го дале 5,4 % од испитаниците.

За Алијанса за Албанците би гласале 3% од испитаниците, а за ДПА 2,5 %.

За листата на независни советници Подобро за Тетово  и Отпор би гласале 6,5 % од испитаниците. 19,20 % од испитаницте рекле дека ќе гласаат за друга партија, а 21% одговориле дека нема да гласаат за ниту една партија.

Дали би гласале за листата на кандидати за советници од истата политичка партија за која гласавте на претходните избори, беше следното прашање од анкетата.

43% од испитаниците одговориле дека нема да гласаат за листата на советници од истата политичка партија за која претходно гласале, 31.1% би гласале за истата политичка опција, 11 % од испитаниците одговориле со не знам, а 18% одбиле да одговорат.

31 % од испитаниците во истражувањето одговориле дека се малку задоволни од работата на Општина Тетово, а 22% од анкетираните кажале дека се задоволни.

37% од испитаниците истакнале дека работите во Општина Тетово одат во погрешна насока, а 30 % од анкетираните, сметаат дека работите одат во правилна насока.

 

20 % од анкетираните на актуелниот градоначалник му дале оценка за неговата работа од 9 до 10, а 18 % од испитаниците го оцениле од 1 до 6.

Позитивно мислење за актуелниот градоначалник Биљал Касами имаат 19 % од испитаниците, а негативно 15 % од анкетираните.

Во истражувањето особено внимание се посвети на демографската структура на населението, полот, возраста, степенот на образование, работниот статус како и етничката припадност. Се работи за анкета спроведена од 18 до 22 јули на 430 испитаници на подрачјето на Општина Тетово. Употребена е истражувачка техника лице влице.

 

Доколку саката да ја видите целата анкета и да гласате онлајн за истата притиснете ТУКА