Бизнис на „Еколог“ од 140 милиони евра – само во Бугарија ќе се произведуваат 20 илјади електрични возила годишно?

0
30

„Домашната меѓународна компанија ‘Еколог’ која работи во светски рамки, на својата адреса во Тетово на улица ‘Индустриска’ ја доби како новорегистрирана германската старт-ап компанија ‘Next e.Go Mobile’, позната по тоа што се занимава со производство на мали електрични возила. Оваа компанија пред една година објави дека ќе инвестира 140 милиони евра во производство на електрични возила во Бугарија.“ – објави информативниот портал „Фактор“ во својата информација со наслов „Во Бугарија ќе произведува електрични возила, во Тетово само логистика?“.
“..

„Фактор“ пишува: „Оваа вест ја потврди тогашниот бугарскиот министер за економија Кирил Петков, инаку доскорешен премиер на Бугарија. Фабриката ќе се отвори во 2023. Ќе се наоѓа северно од градот Ловеч. Во неа ќе работат околу илјада работници. На потпишувањето на меморандумот беше и Али Везвеи, прв човек на ‘Next e.Go’, кој е и извршен директор на тетовската компанија ‘Еколог Интернационал’. ‘Next e.Go’ на пазарот на електрични возила ќе се позиционира на мали градски нискобуџетни возила, со стремеж да постигне годишно производство од 20 илјади електрични возила.“

„Петков тогаш како министер за економија рече дека бугарската влада ќе обезбеди вкупно 34 милиони евра за поддршка на германскиот ‘Next.e.GO’ во три транши. Првата ќе биде платена кога компанијата ќе почне да ги произведува своите електрични автомобили, втората кога ќе се достигне производство од 10.000 автомобили, а последната кога ќе се произведуваат 20.000 автомобили годишно.“

„Од ‘Еколог’ засега не се изјаснуваат дали ‘Next e.Go Mobile’ има амбициозни планови во Македонија, или Тетово ќе биде само придружен логистички центар. Регистрираната дејност од 1 август е ‘производство на моторни возила’. Како управител е именуван Фабијан Вајсенборн.“