БОГАТИНОВСКИ ОД СДММ – ПОЗАДИ СТАРИОТ ЌЕ ИЗГРАДИМЕ НОВ СПОРТСКИ ЦЕНТАР ВО СОПСТВЕНОСТ НА ГРАЃАНИТЕ

0
38

Тетово нема парк, но нема ниту спортски центар, стариот наш миленик премина во приватна сопственост со ограничени можности за негово користење од граѓаните. СДСМ во својата програма за локалните избори има решение. Тука позади стариот спортски центар да се изгради нов во сопственост на граѓаните.Нов урбан и модерен спортски центар со детски реквизити, истакна Дарко Богатиновски од Социјалдемократската младина на пресс конференција, во рамки на предизборните активности на СДСМ, во пресрет на изборите за нов Совет на Општина Тетово закажани за 20 август.

-Простор за возење ролери, велосипеди, уличен баскет, мал фудбал, атлетска патека и парк за миленичиња.Просторот е реален и чека на нас.Заедно со новоизградениот базен, целосно ќе го заокружиме спортскиот комплекс, кој ќе претставува простор за рекреација и промоција на нови таленти.Ја имаме подршката од Агенцијата за млади и спорт, која ќе помогне во реализацијата на проектот, но потребно ни е влијание во Советот, додаде Богатиновски