ВИРТУЕЛНИОТ ПРЛИЧЕВ ЗА ДВЕ ДЕНА ОТКАКО БЕШЕ ПОСТАВЕН, ОШТЕТЕН ОД ВАНДАЛИ

0
28

Вечерва на 11-ти август, после нецели 48 часа од промоцијата, Паметниот споменик на Виртуелен Прличев кој со години го работев со мојот тим и поддршка на Општина Охрид беше вандализиран и онеспособен од функција, објави на својот фејсбук профил Проф. д-р Анис Сефиданис на чие иновативно дело работеше со компанијата Сефиданис.

Непознати лица го пресекле доводот до електрична енергија, го отстраниле македонското знаме и ги искорнале написите. Се обиделе да ги отворат и металните врати за да стигнат до главниот компјутер, но поради цврстиот материјал и безбедносните брави успеале само искривувања да нанесат на истите, истакна Сефиданис

Случајот е пријавен во МВР Охрид.Нивна екипа направила увид и ќе ја проследи посапката до Јавното Обвинителство. Споменикот е времено надвор од функција, ,но активно се работи заедно со Општина Охрид на негово рестартирање како и негова заштита.