Во второ одделение од септември ќе се изучуваат идентитети, а во петто одделение се спојуваат предметите Историја и Општество

0
34

Основците одмораат, институциите им кројат наставна програма. Промени ќе има и тоа во второ и петто одделение. Идните вторачиња преку новините наведени во програмата ќе треба да научат како ги препознваат и да се справуваат со емоциите, а исто така во предметот Општество ќе треба да идентификуваат идентитети, согласно новата концепција за основно образование.

УЧЕНИКОТ/УЧЕНИЧКАТА ДА ГИ ИДЕНТИФИКУВА РАЗЛИЧНИТЕ КОМПОНЕНТИ НА СОПСТВЕНИОТ ИДЕНТИТЕТ КОЈ СЕ ГРАДИ ВРЗ ОСНОВА НА ПРИПАДНОСТА НА РАЗЛИЧНИ СОЦИЈАЛНИ ГРУПИ (НА ПРИМЕР: РОДОВ, ЕТНИЧКИ И НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ) И НА РАЗЛИЧНИТЕ УЛОГИ КОИ ГИ ИМА ВО ЖИВОТОТ (НА ПРИМЕР: УЧЕНИК, СИН/ЌЕРКА);, СЕ НАВЕДУВА ВО НАСТАВНА ПРОГРАМА ЗА ВТОРО ОДДЕЛЕНИЕ

Понатаму во материајлите објавени на Бирото за развој на образованието за предметот Општество за второ одделение, во подрачјата Дигитална писменост, Личен и социјален развој, Техника и технологија, наведено е дека ученикот ќе треба да знае и умее да процени кога и на кој начин за решавање на некоја задача/проблем, е потребно и ефективно користење на Информатички комуникациски технологии. За да можат наставниците да спроведуваат дигитализација, наставната програма предвидува во наставата да се користат Компјутер, проектор, дигитални уреди (фотоапарат, телефон, телевизор, ЦД уред), но и сложувалки, логички плочки, игра „Не лути се човече“ и градинарски алат. И петачињата во училиштна клупа ќе седнат со новини. Наместо два предмети, Историја и општество ќе се учи од еден учебник за една оценка. На кррајот од годината ќе треба да имаат чувство на припадност кон државата.

УЧЕНИКОТ ТРЕБА ДА ЗНАЕ ДА ГИ ИДЕНТИФИКУВА И ПОЧИТУВА СИТЕ НАЦИОНАЛНИ СИМБОЛИ НА ДРЖАВАТА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ДА МАНИФЕСТИРА ЧУВСТВО НА ПРИПАДНОСТ КОН ДРЖАВАТА“. УЧЕНИКОТ ТРЕБА ДА ГИ ИДЕНТИФИКУВА ГЕОГРАФСКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА КОНТИНЕНТИТЕ, РЕГИОНИТЕ И ДРЖАВИТЕ ВО СВЕТОТ И ДА ГИ ПОВРЗУВА СО НИВНИОТ ОПШТЕСТВЕН РАЗВОЈ. ДА ЈА ОБЈАСНУВА ВАЖНОСТА НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРОЦЕСИ ВО ОПШТЕСТВОТО И ДА ГИ ПРИМЕНУВА ПРИНЦИПИТЕ НА ДЕМОКРАТСКО УЧЕСТВО ВО РАМКИТЕ НА УЧИЛИШТЕТО, НАВЕДЕНО Е ВО ДОКУМЕНТОТ.

Товарот и одговорноста е кај наставникот. Тој според наставната програма ќе треба да им обезбеди инклузивност на сите ученици, да им ја пренесе материјата, а оценките до петто одделние остануваат описни. Учебниците сеуште не се испечатени со новините, а информација нема од министерстовто за оброзвание дали сите основни училишта ги поседуваат наведените помошни техничко-технолошки помагала, иако до стартот на нвоата учебна година остануваат точно три седмици.

Извор Телма