Во Идризово прободен затвореник, државјанин на САД

0
26

С.М. (36), американски државјанин од Струга бил прободен во затворот Идризово и се наоѓа во животна опасност во државната болница во Скопје. Тој синоќа два пати бил прободен со остар предмет. С.М. е на отслужување на казна затвор за недозволена трговија со дрога, а веќе подолго време предупредувал на нарушените односи со други затвореници и барал преместување од затворската ќелија.

Инцидентот е пријавен во полиција. Од МВР ги потврдуваат информациите за овој случај.

Пред еден месец во „Идризово“ бил извршен претрес и биле одземени недозволени предмети, по што беше разрешен тогашниот директор Реџеп Реџепи.