Во Маврово Ростуше и Центар Жупа постигнат цензус за избор на градоначалник

0
25

До 15 часот според пристигнатите резултати од гласањето во избирачките места во општина Маврово – Ростуше, до општинската изборна комисија конечно е обезбеден цензус од 33 одсто, така што се очекува да биде избран градоначалникот.

Оваа за Радио Слободна Европа го изјави претседателката на ОИК Ивана Ѓорѓиевска, која потенцираше дека од вкупниот број на гласачи до 15 часот гласале 34,6 од вкупно 9.914 избирачите .

Слична е состојбата и во општина Центар Жупа. Претседателот на комисијата Неџип Илјаз изјави дека до 15 часот гласале околу 33 насто од избирачите , чиј број изнесува 7.145.

И двете изборни комисии оценуваат дека бидејки и понатаму има масовно гласање во Центар Жупа и Маврово – Ростуше , посебно од страна на печалбарите, се очекува конечно двете рурални општини да добијат градоначалници.

Денеска се одржуваат избори во општините Маврово-Ростуше и во Центар Жупа, како и во Тетово.

Во Маврово-Ростуше и во Центар Жупа се одржуваат избори за градоначалник, бидејќи на претходните немаше потребна излезност за да се постигне цензус.

Граѓаните на Тетово гласаат на вонредни избори за советници, откако во мај годинава Владата го разреши тетовскиот Совет.