Груби: Охридскиот договор е камен-темелник на сите демократски достигнувања и на нашето евроатлантско патување

0
29

Првиот Потпретседател на Владата и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби по повод 21-та годишнина од потпишувањето на Охридскиот мировен договор, денес упати честитки до сите граѓани на земјата, потсетувајќи на временските констелации кои доведоа до потпишувањето на овој правен акт и важноста од неговото спроведување за перспективата на демократскиот развој на земјата.

Груби го опиша Охридскиот договор како камен-темелник на сите демократски достигнувања на земјата и зачетник на поглавјето на европското патување на земјата, истакнувајќи дека никој не изгубил ништо од воспоставената рамноправност, туку сите народи имаат корист во секој аспект на општествената благосостојба.