ДПМНЕ И БЕСА НИТИ ГИ ЗАВРШИЈА ПРЕТХОДНО ЗАПОЧНАТИТЕ, НИТУ ЗАПОЧНАА НОВ ПРОЕКТ ВО ТЕТОВО, ИСТАКНАА КАНДИДАТИТЕ ЗА СОВЕТНИЦИ ОД СДСМ

0
30

Носителот на советничката листа Глигорије Стојановски и кандидатите за советници на СДСМ и коалицијата заедно со Државните секретари во министерството за Транспорт и Врски и Локална самоуправа Митко Трајчулески и Кирил Парталов разговараат со тетовчани за подобрување на инфраструктурата во Тетово,

-Празната реторика ја менуваме со вистиски дела, во Тетово владата во последниве години инвестираше во инфраструктурни проекти од огромно значење на граѓаните на Тетово.Како по значајни би ги издвоиле Реконструкција на улица Ѓоце Стојчевски, улица Гоце Делчев, фекална канализација во дел на ул. Иво Лола Рибар и реконструкција на дел од истата улица, продолжување на улицата Видое Смилевски Бато кај спортскиот центар и пробивање на улицата Благоја Тоска која е во тек.
Но СДСМ и коалицијата не застануваат тука, преку советничката група на СДСМ и коалицијата и советот ќе обезбедиме итна реконструкција на улиците кои со години се заборавени, Реконструкција на улица Браќа Симовски (Чапчаково сокаче), улица Гоце Делчев проект за прередување на коцките од црквата Св.Никола во Колтук до црквата Св.”Кирил и Методиј” на Два Бреста и улица Т.Ц.Мерџан од стара библиотека до Два Бреста, како и реконструкција на улицата Пролетерска до улица Гоце Делчев, истакна листата на кандидати за советници од СДСМ

Локалната власт на ДПМНЕ и БЕСА во изминативе 9 месеци не реализираа ниту еден НОВ проект, ниту ги завршија предходно започнатите.Но успеаја да ги покачат паркинг услугите за цели 50% и да направат дополнителен хаос во сообраќајот, додадоа од листата на кандидати на советници на СДСМ