Избран градоначалник во Центар Жупа

0
21

Општина Центар Жупа избра градоначалник, по два пати неуспешно гласање во општината. Денеска беше обезбеден потребниот цензус од една третина од вкупното гласачко тело, со што Аријан Ибрам е избран за градоначалник на општината.

Ибрам беше предложен од Турската демократска партија и кој беше единствен кандидат, а ова ќе му биде трет мандат на функцијат. Првпат беше избран на изборите во 2013 а реизбран во 2017 година.

Во избрачки список на Општина Центар Жупа беа запишани 7.154 лица со право на глас а до 18:30 часот гласале 3312 или 46,3 отсто, со што беше постигнат потребниот цензус беше 2853 гласачи.

Изборниот ден мина мирно без проблеми, рече Неџип Илјаз претседател на општинската изборна комисија.

Освен во Општина Центар Жупа, денеска избори се одржуваа и во општините Маврово-Ростуше, како и во Тетово.

Во Маврово-Ростуше и во Центар Жупа се избираше градоначалник, бидејќи на претходните немаше потребна излезност за да се постигне цензус.

Граѓаните на Тетово гласаа на вонредни избори за советници, откако во мај годинава Владата го разреши тетовскиот Совет.

Гласањето е завршено, а сѐ уште се чекаат резултатите за градоначалник во Маврово-Ростуше и за изборот на Совет на Општина Тетово.