КАРАПЕТРОВ – ИЗБОРИТЕ НА 20 АВГУСТ СЕ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ДОСТОИНСТВОТО НА МАКЕДОНЕЦОТ

0
25

Ова се избори за враќање на достоинството на Македонецот истакна носителот на кандидатската советничка листа на ВМРО ДПМНЕ.

Како што посочи изборите на 20 август за нов Совет на Општина Тетово се референдум дали ќе се стави крај на едно погрешно владеење

-Пред нас се избори за Совет на општина Тетово, но тоа не се само локални избори, тоа е референдум за тоа дали Тетово ќе го вратиме во владение на ДУИ и СДСМ, на партиите кои се одликуваат со неодговорност, криминално работење и распродажба на секое добро и се што е македонско, или ќе продолжиме на патoт на промените и прогресот. Време е заедно да ставиме крај на криминалот, неработењето и предавствата на власта и да го вратиме достоинството на Македонецот и на локално и на централно ниво. Вие сте на потег. Во оваа битка сме сите едно. Ви подаваме рака. Излезете и дајте ни поддршка гласајте за број 2,рече Карапетров.